Пламенот бил над 15 метри: Две куќи изгoреа, а едно лице е поврeдeно во пожaр во Тетово

t

Во пожар кој синоќа изби во тетовската населба Колтук изгореа две куќи, а повредено е и едно лице кое е префрлено во Клиничката болница во Тетово. Благодарение на брзата интервенција на тетовската Противпожарна единица спречено е ширењето на пожарот и на соседните куќи. Има голема материјална штета.

„Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожар во куќа сопственост на И. С. (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. И. С. добил изгореници по што е пренесен во Клиничката болница во Тетово каде му е укажана лекарска помош“, велат од тетовската полиција.

Пожарот предизвикал голема вознемиреност во населбата Колтук, во која сите куќи се споени една до друга и постоела голема опасност пожарот да го зафати целото маало.

„Пламенот беше висок над 15 метри. Со соседите се обидовме да помогнеме со црева и вода од домашните цистерни, бидејќи во овој дел од градот имаме постојани проблеми со водата. За среќа, пожарникарите дојдоа навреме, бидејќи лесно можеше од пожарот да биде зафатена уште некоја куќа. Експлозија немаше туку пукаа електричните кабли кои правеа спој, поради што маалата Колтук и соседните Два Бреста и Горна Чаршија немаат струја“, вели Ивица Ѓорѓески, жител на Колтук.

Пожарот избил во куќа на улицата Вукашин Симовски која се наоѓа во највисокиот реон на Тетово. Од тетовската територијална противпожарна единица велат дека во гасењето на пожарот биле испратени четири возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…