Казнети речиси 200 возачи вчера во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила.
Изречени се четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода…
Денеска (15.08.2024) хеликоптерот Ми-171 од Одделот за…
Уапсен пироман во прилепско, запалил сува трева
Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле…
Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода…
Денеска (13.08.2024), хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица…
Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода…
Денеска (12.08.2024), Одделот за воздухопловни единици при…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…