Австрија ги олеснува мерките, се укинува задолжителното тестирање за работниците

t

Австрија, постепено ги олеснува мерките против коронавирусот и покрај големиот број нови инфекции.

– Од 5 февруари постојниот полициски час наместо до 22 часот ќе почне на полноќ. Обврската за тестирање или вакцинирање на малопродажниот сектор од 12 февруари се укинува, изјави вчера канцеларот Карл Нехамер.

Во рестораните и кафулињата од 19 февруари ќе може да се влезе со негативен тест, а не само со потврда за вакцинација или прележан Ковид. Како причина за олеснување на мерките се наведува намалениот притисок врз болниците.

– Бројките се стабилни и на очекувано добро ниво, рече Нехамер за ситуацијата во болниците и одделите за интензивна нега.

Австриската министерката за туризам Елизабет Костингер рече дека новата регулатива за полициски час треба да се поздрави, бидејќи тоа ќе биде од корист за бизнисите и туристите. Седумдневната стапка на инциденца во Австрија моментно е 2.400 на 100.000 жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 50% зголемен бројот на Австријци кои…

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е…

Европратеникот Шидер: Македонија може да напредува и…

Македонија може да напредува и да стане…

Се огласи српскиот амбасадор во Австрија: Во…

Не можеме да располагаме со информациите, со…

24 години ја силувал сопствената ќерка, си…

Австриски суд денеска соопшти дека ја поништил…

Австрија го задржува ветото за влез на…

Австрија го задржува своето вето за приклучување…