Објавено на:

Канаѓаните бегаат на Запад: Канадските трупи во Украина распоредени Западно од Днепар

t

Канадските трупи во Украина се префрлија на 3апад на државата, пишува „Глоуб и мејл“, зборовите на министерката за одбрана на Канада, Анита Ананд.

„Нашите канадски вооружени сили, на пример, се преместија Западно од реката Днепар. „Ќе продолжиме да ги преземаме сите мерки на претпазливост неопходни за обезбедување на безбедноста на канадските сили“, рече Ананд на прес-конференција во Киев.

Според неа, таа не може да каже кога и зошто е донесена оваа одлука.

Во меѓувреме, Владата на Канада одлучи да ги врати дома семејствата на дипломатите и соработниците кои не учествуваат во оперативната работа на Амбасадата во Киев. Во соопштението се наведува дека властите внимателно ја следат ситуацијата во Украина и дека безбедноста на канадските граѓани останува главен приоритет на Отава.

Во последните неколку месеци во западните медиуми се повеќе се зборува дека Москва има намера да ја нападне Украина. Руските власти повеќепати изјавија дека немаат намера да нападнат ниту една земја и дека руската армија е на нејзина територија каде што има намера да остане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…