Османи се сретна со рускиот амбасадор – соопштението е смешно

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

На средбата стaна збор за случувањата во и околу Украина, при што министерот Османи повика на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација, и го повтори ставот дека Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во меѓународно признатите граници.

Воедно, Министерот Османи нагласи дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешно – политичко достигнување на земјава, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година. Членството на Македонија во НАТО Алијансата претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Дополни, дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот.

Министерот Османи го реафирмираше повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите.

На средбата беше дискутирано и за улогата на Македонија како дел од ОБСЕ Тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 175 болни и немоќни лица се…

Вкупно 175 болни и немоќни лица се…

Уреди за прислушување се пронајдени во салата…

Полската државна служба за безбедност заедно со…

Путин: Не одбиваме дијалог со Западот, изборот…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше свечено…

Механизмот за реформи и раст на Западниот…

Советот на ЕУ денеска во последна инстанца…

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти…

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…