Баба Илинка од петричко: Во 1965 сите Македонци ги пишавме Бугари. Едно момче не се пиша. Го претепаа
Баба Илинка од петричкото село Боровичене близу границата со Македонија во репортажа на Бугарската телевизија (БТВ) се сеќава на 1965 година, кога Македонците ги пишувале Бугари, како и за односот кон тие што не го прифатиле тоа.
„Додека двете влади на Бугарија и на Македонија се обидуваат да постигнат консензус за политичките прашања, животот на обичните луѓе што живеат непосредно до нашата граница со Македонија целосно ја отфрла темата за конфликтот меѓу Бугарите и Македонците.
40 души. Толку останале денес во село Боровичене на само неколку километри од границата со Македонија. Тивко е. И покрај чувството дека времето е замрзнато како студот надвор, тоа си го продолжува својот од. Баба Илинка исто така се обидува да го запре времето, за да се врати во него – кон оние времиња кога селото требало да се нарече ‘македонско’, а потоа – ‘бугарско’.
Оваа вест, која првично ја објави бугарската БТВ веќе не е достапна на нивниот портал, најверојатно поради цензура.
‘Јас бев повереник. Првата работа што ја завршив како повереник беше во април 1965 година. За една ноќ им направив документи на 360 жители на Боровичене. Од Македонци ние ги напишавме Бугари. Едно момче не се напиша Бугарин. Го претепаа, му го сменија пасошот’, раскажа баба Илинка.
Пасошите и имињата зсе менуваат, границите исто така, но не и чувствата меѓу луѓето.
Луѓето велат дека не виделе ништо лошо едни од други и според нив сè се политички игри.
‘И Бајрам го тераат заедно, и нашите пости на Велигден ги тераат заедно. И ние тука сме такви. Само времето нè дели со еден час. Ние сме си браќа.
Ниту границата, ниту власта, ниту политиката не можат да ги искоренат идентитетот и историјата.
Си тргнуваме од Боровичене кон Софија. На посета на жолтата калдрма е новата македонска влада.
Политичарите зборуваат за уште едно зближување, нешто што луѓето, како 40те преостанати во малото село, одамна го имаат направено“, вели репортерката на БТВ, Антонија Јаворова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…