Објавено на:

Зеленски: Не го зголемувам бројот на војници заради можноста за војна, туку затоа што ќе има мир

t

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потпиша указ со кој се предвидува зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Тоа, меѓу другото, значи дека бројот на војници ќе се зголеми за 100.000 во следните три години, формирање на дополнителни 20 бригади и натамошна професионализација на армијата.

„Потпишав указ за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Тоа значи зголемување на бројот на војници за 100.000, проширување на програмата за домување на воениот персонал, зголемување на платите“, изјави Зеленски на собраниската седница.

Како што рече, не го потпишал указот бидејќи наскоро ќе има војна.

„Не го донесувам овој декрет затоа што наскоро ќе има војна, туку затоа што ќе има мир во блиска иднина и во далечна иднина, мир во Украина. И со задоволство го потпишувам во ваше присуство“, рече Зеленски.

Западните земји и властите во Киев со месеци ја обвинуваат Русија дека се подготвува да ја нападне Украина. Москва во неколку наврати жестоко го демантираше тоа, нагласувајќи дека таквите тврдења служат на НАТО како изговор за распоредување повеќе воена опрема во близина на границите на Русија.

Во последните недели САД и неколку други земји интензивно испраќаат воена помош за Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-ен-ен: Израел тајно распореди сили во Азербејџан

Си-ен-ен објави истражување во кое тврди дека Израел за…

Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…

Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Путин до Зеленски: „Дојди во Москва на…

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ порача на…

Постигнато примирје меѓу Израел и Либан

Израел и Либан се согласија да „спроведат…