Објавено на:

(Видео) Шокантна снимка од Австралија Опен: Јасно е зошто Медведев е огорчен – Врати се во Русија и други срамни провокации се слушаа на теренот

t

Рафаел Надал направи епски пресврт и го совлада Данил Медведев по речиси пет и пол часа игра (3:2) и со тоа стигна до својата 21. Грен слем титула во кариерата.

Натпреварот го одбележа скандалозното однесување на публиката на стадионот Род Лејвер, која направи се за да го поремети рускиот ас во текот на мечот. Русинот беше огорчен по мечот, поради се што се случуваше на трибините.

На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа зошто Данило огорчен ја напушти Австралија.

По секоја негова грешка се слушаше аплауз, постојано беше прекинуван меѓу првиот и вториот сервис, беше прозиван, провоциран… Во еден момент некој гласно извика: „Врати се во Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…