Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на Трамп
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично ги демантираше информациите дека планира да ја напушти администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Рубио во изјава за „Њујорк тајмс“ истакна дека отсекогаш планирал да остане дел од администрацијата на Трамп.
– Искрено, не знам од каде доаѓаат овие информации. Ја сакам работата што ја извршувам. Освен тоа, секогаш ми е смешно кога ќе кажат дека ќе ја напуштам функцијата. Тогаш прашувам: „Која од нив?“ – изјави Рубио.
Тој, исто така, избегна да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на САД во 2028 година.
– Буквално повеќе нема да зборувам за 2028 година. Едноставно нема – порача американскиот државен секретар.
Новинарите на британскиот „Индипендент“, Дејвид Медокс и Ендрју Фајнберг, вчераутро објавија дека Рубио планира да ја напушти функцијата во кабинетот на Трамп поради лошите изборни резултати на Републиканската партија на меѓуизборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…