Образованието крахира: За само 6 месеци УКИМ падна за 100 места на светското рангирање
Од 1.493 место од пред шест месеци, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денес е на 1.594 место. Рангирањето го врши Шпанскиот национален истражувачки совет, мерејќи ги научните достигнувања на вработените во универзитетот и нивното влијание во светот.
УКИМ е единствениот македонски универзитет меѓу првите 3.700 универзитети во светот. Следен на листата е штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, кој се наоѓа 3.711 место.
Во соседството најдобро рангирани се: Националниот универзитет во Атина на 256 место; Универзитетот на Љубљана на 332 место; Универзитетот на Белград на 447 место; Универзитетот на Загреб на 571 место; Софискиот Универзитет Св. Климент Охридски, на 988 место; Универзитетот на Сараево на 1.677 место, Универзитетот на Црна Гора на 1.937 место; и Универзитетот на Тирана на 3.784 место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети…
Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од…
НСС УКИМ: ПЛЕНУМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ!
Пленумот кој е закажан за утре во…
НСС УКИМ ги повикува сите студенти на…
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ…
Студентски отпор: Ректорката Ангелова и министерката Јаневска…
Здружението Студентски отпор го осудува однесувањето на…