Ѓорѓиевски: Снегот не може да биде изненадување во зима

t

Снегот не може да биде изненадување во зима. Уште во текот на изминатата ноќ будно се следи ситуацијата за да се овозможи непрекинат тек на извршување на обврските на нашите сограѓани.

– Напиша на фејсбук градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

🚜 Чистењето на сите улици започна од рано изутрина, при што најголема потреба од интервенции има во селото и населбата Драчево и во Потстаница, заради специфичната конфигурацијата на теренот.

🚛 Со камиони и специјални машини за чистење на снежните наноси интервенираме по сите улици, се расчистуваат приодите до училиштата и градинките, како и автобуските постојки.

🏡 Ќе се чисти и во сите месни и урбани заедници.
Истовремено, општинските служби реагираат и по пристигнатите пријави од граѓаните за потреба од дополнителни интервенции.

Потсетуваме на контактите на Општина Кисела Вода:
☎️ телефонскиот број: 075/309-548 (Далибор),
📧 [email protected]
или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода кои за граѓаните се достапни 24 часа.

🚙 На располагање за неопходните потреби на граѓаните повторно се ставени службените возила на општината.

📢 Апелираме до сите учесници во сообраќајот за внимателно упраување со возилата, а до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот.
Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Фото) Падна првиот снег во Македонија

Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…

На последниот ден од летото вее снег…

Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…