Уште една земја и сврте грб на САД, нема да испрати вojcка во Украина во случај на koнфликт со Русија
Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес денеска изјави дека земјата никогаш не размислувала за испраќање војници во Украина во услови на растечки тензии со Русија.
Иако Шпанија неодамна распореди воени бродови во мисиите на НАТО во Црното Море и понуди да испрати борбени авиони во Бугарија, Роблес за телевизијата Онда Церо изјави дека земјата не планира шпанските војници да се борат на украинска територија.
„Членот 5 од НАТО бара кога има агресија врз сојузничка земја, сите останати мора да одговорат. Но, Украина не припаѓа на алијансата“, рече Роблс.
Роблес нагласи дека Шпанија е вклучена исклучиво во постојаните мисии на НАТО, кои се неофанзивни и фокусирани на одвраќање конфликти и одржување на мирот.
Роблес рече дека Русија нема право да ѝ кажува на Украина што да прави, па таа рече дека во моментов во светот се водат најмалку 34 војни и дека мора да се работи за изградба на глобален мир.
Неодамнешните потези на Шпанија да го забрза распоредувањето во мисиите на НАТО околу Украина предизвикаа тензии во владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…