Пожаp во Гази Баба: Изгоpeа три куќи кај Тутунсус Џамија

t

Пожар изгоре три куќи во скопска Гази Баба, близу Тутунсус Џамија, пренесува „Алсат“.

Жртви нема, но три семејства останааа без покрив над глава. Огнот најверојатно избувнал кај оџакот во една од куќите на кој бил поврзан шпорет на дрва.

Жителите сведочат дека се ваделе и предмети за да се спасат од огнените јазици.

„Само кога стигнавме тука ми кажаа дека е запалена куќата на синот од вујко ми. Дојдов тука. Фатило од кај Македонецот таму позади и го виделе Македонецот како излегува со телевизор како бега“, рекол еден граѓанин за „ТВ Алсат“.

„Ги извадивме децата надвор и тоа е. Дојдоа пожарникари. Кај нас нема… Тоа е најважно, нема повредени. Пожарот беше многу голем. Многу брзо стигнаа пожарникарите“, рекол уште еден граѓанин.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…