Објавено на:

(Фото) Алaрм во Пентагон: „Уапсeна“ кокошка, се обидела да влезе во зградатa

t

Една кокошка е „уапсена“ откако се шетала и клукала во заштитениот простор на Пентагон, една од најзаштитените згради во светот, соопшти денеска организацијата за права на животните.

Вработените во организацијата Лига за благосостојба на животните во Арлингтон биле повикани да ја земат кокошката во понеделникот и да ја вратат во кокошарник.

За обидот за „упад на кокошката“ во Пентагон пишуваше и „Military Times“.

Весникот на шега праша „дали кокошката едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или всушност е шпион во мисија да украде некои државни тајни“.

Корисниците на Интернет предложија кокошката да се вика Етел Розенберг, позната Американка уапсена и егзекутирана поради шпионирање за Советскиот Сојуз во 1950-тите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Бајден е најмалку популарниот американски претседател во…

Според резултатите од последното истражување на јавното…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…