Русија има причина за грижа: САД ги зголемуваат тензиите во Европа
САД продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа, што е доказ дека Русија има причина да се грижи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја најавата дека американските војници се префрлаат во Европа.
„САД, всушност, продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа“, изјави Песков за Си-Ен-Ен.
Според него, трансферот на американските сили во Европа е „најдобар доказ дека ние, Русија, имаме очигледна причина за загриженост“.
Пентагон претходно соопшти дека Соединетите држави испраќаат дополнителни трупи во Европа поради ескалацијата на кризата околу Украина. Според Пентагон, тие привремено и со согласност на земјите домаќини ќе бидат во сојузничките европски земји.
Американските медиуми неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ на границата со Украина. Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по своја дискреција. Според него, тоа никогаш не загрозува и не треба да загрижува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…