Македонците од Бугарија: Заеднички може да славиме само една личност – Зошто Бугарија молчи за Петар Драганов?

t

Македонскоро здружение од Бугарија, ОМО Илинден Пирин, на нивната Фејсбук страна реагираа во врска со изјавите на бугарските и дел од македонските политичари кои велат дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Од ОМО Илинден Пирин велат дека Македонија и Бугарија можат да слават една заедничка личност, тоа е Петар Драганов, за чија личност и дело објаснуваат подетално во нивниот Фејсбук статус.

Ова е оригиналниот текст:

“Со Бугарија може да се слави заедно само една ЛИЧНОСТ!

КОЈ Е ПЕТАР ДРАГАНОВ?

ЗОШТО БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ МОЛЧАТ ЗА ДРАГАНОВ И ГО КРИЈАТ ОВОЈ ЧОВЕК???

Петар Драганов – по националност Бугарин, е роден на 1 февруари 1857 година во Комрад (тогашна Русија), денес Молдавија.

Драганов е славист, филолог и историчар, завршил историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург, Русија.

Бидејќи бил Бугарин по националност, бугарската црква (Егзархијата) го повикува Драганов да работи како професор во Солунската машка гимназија, заради ширење на бугарска пропаганда меѓу учениците Македонци кои учеле во Солун.

Драганов доаѓа во Солун и од 1885 до 1887 работи како професор во машката гимназија.

Кога дошол во Солун Драганов бил приврзаник на бугарскиот став за Македонците, односно пораснал со лажната бугарска историја со која бил школуван, дека Македонците се Бугари.
За време на предавањата, Драганов почнал да го истражува македонскиот идентитет и барал од своите ученици – Македонци, да му носат и запишуваат песни, раскази, преданија, од сите делови на етничка Македонија.

После двегодишните обемни етнографски истражувања кои ќе ги направи во Македонија, Драганов ќе изгради сопствен став за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците.

Според Драганов, Македонија е посебна етнографска целина на Балканот и македонските говори (дијалекти) се дел од посебен македонски јазик, а Македонците се посебен народ.

Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со бугарската пропаганда, Бугарите веднаш го враќаат Драганов дома.

Откако ќе се врати назад, Петар Драганов преку бројни написи и предавања ќе ги постави темелите на македонистиката во Русија.”

https://www.facebook.com/omoilindenpirin/photos/a.349336580139/10159724953710140

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…