Мицкоски: Во тек е внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека тие имаат неколку начини како да стигнат до предвремени избори. Рече и дека во моментот во ВМРО-ДПМНЕ има „лесна катарза“.
-Не би се сложил дека сме далеку од 61 пратеник за предвремени избори. На лист хартија ние имавте 61 пратеник тогаш, но поради одредени политички гимнастики тој ден се случи тоа што се случи. Да власта бојкотира седница на Собранието, тоа е невидено во светот. Можеби немаа доверба меѓу други, па некој од мнозинството да крене рака и 61 да стане и повеќе. Ајде времето да покаже. Нека останат во салата и да се гласа, тогаш ќе имавме можност да се видат бројките. Треба да му се даде шанса на процесот. Ние можеме да продолжиме на овој начин да ги тормозиме граѓаните. Но, ние повикавме на една граѓанска мобилизација. Во тек е внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ, после локалните избори. Има одредени кадровски промени и цениме тоа е добро, здраво. Има неколку начини како до предвремени избори, ја разработуваме стратегијата, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…