Мицкоски: Не делам Македонци, Албанци, туку сум против да крaдат на грбот на народот
Мене ми пречи тоа што кога до мене ќе дојде информација дека постои основано сомнение дека се дели рекетот помеѓу Ковачевски и Крешник, тоа ми пречи, не ми пречи што има министер Албанец, пратеник или директор. Ми пречи, кога ќе дознаам дека земаат рекет од бизнисмените, и за кој постои основано сомнение дека го делат. Тоа кога ќе го нема, тогаш можеме да зборуваме. Инаку, што се однесува до албанофобијата која што вие ја кажувате и која што тие се обидуваат перцептивно да ја наметнат – тоа е уште еден начин да практично на местото на чесните луѓе, без разлика дали се тоа Македонци или Албанци, останат луѓе кои што ќе делат рекет на тие позиции таму каде што се а потоа тој рекет ќе го дистрибуираат во централата. – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување вечерва во „Само интервју” на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека и понатаму ќе биде против тоа затоа има сведочења од бизнисмени кои се жртва на ваквото однесување на функционерите на ДУИ. Рече и дека нема проблем и дека можеби тој е првиот политичар во Македонија кој понудил да има Албанец премиер, а не е Албанец.
– Како може јас да бидам албанофоб? Таа теза, додека ја пласираат преку илјадници клонови портали каде што никој жив не одговара бидејќи не знаете кој е вистинскиот сопственик, има за цел да го затскрие мазутот, ископот, струјата, вакцините каде што се делат сериозни профити меѓу СДСМ и ДУИ. Тоа е суштината, братска е делбата, е против тоа сум, кажа Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Драги неспособњаковци, лекот за…
Лекот за Скопје е централизација, а не…
ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…
ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…
Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…