Мицкоски: Подготвен сум да разговарам со Ковачевски ако целта е доброто на Македонија
Се што е јавен интерес со однапред утврдена методологија во која би учествувала и опозицијата и власта ние би подржале, немаме никаква дилема и треба да има, но да ја дефинираме методологијата на учество и на едните и на другите, бидејќи опозицијата може да предлага јавни кампањи и власта бидејќи ние сите работиме јавна дејност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали би подржале јавна кампања за подигање на свеста за вакцинирање на населението од ковид пандемијата.
Не значи дека само тие од власта се набиструмни и можат да дадат најдобри кампањи, може и опозицијата ќе предложи некоја кампања која што е од голем јавен интерес. Затоа велам апсолутно да треба да се вратат јавните кампањи на медиумите, но со заедничко учество и утврдена методологија и од страна на власта и од страна на опозицијата, рече Мицкоски.
На прашањето дали има комуникација со Ковачевски и кога би имале средба, Мицкоски истакна дека се уште нема прецизно термин.
Нема уште прецизен термин. Имаше еден колоквијален разговор, би сакал да организираме средба, во ред реков да организираме, кабинетите нека договорат термин. Нема ништо од нивна страна. Така што тоа е тоа. Тој е тој што рече ќе викнал. Ете ја користам оваа прилика во вашата емисија да дојде на лидерска средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…