СДСМ: Ние ќе ја зголемевме минималната плата, ДПМНЕ не ни дава
„Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците“, вели СДСМ.
Тие додаваат:
„За неполни пет години минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 15.200 денари, односно за над 6.000 денари.
И не застануваме тука, во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми.
И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата.
Трајко Славески висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата.
Ништо ново од Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните.
Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ е против повисока минимална плата, против работниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…
РЕК Битола веќе неколку дена е во…
СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…
Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…
СДСМ нема да има кандидати за градоначалници…
Како што брифираат од партијата, со одлука…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…