Објавено на:

Ердоган: Западот не направи ништо за да ги нормализира односите меѓу Русија и Украина

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Западот досега не направил ништо за нормализирање на руско-украинските односи. Тој додава дека се работи на датумот на посетата на рускиот претседател на Турција.

„Овој пат тоа морам да го кажам отворено и јасно. „Ако обрнеме внимание на тој процес, за жал, Западот не направи ништо во врска со тоа“, им рече Ердоган на новинарите во авионот што се враќаше во Анкара по посетата на Киев.

Тој исто така рече дека се надева оти ќе има средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, во Турција и дека неговиот договор со украинскиот лидер оди во таа насока.

Ердоган рече и дека има позитивен одговор во Москва во врска со поканата Путин да ја посети Турција по Кина.

„Сега одредуваме датум“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…