Ќе избувнe ли конфликт?: Украинските вojници вежбаат со американски ракети

t

Украинските војниц во петокот одржуваа вежби во воената база Јаворив во западна Украина, користечки противокплони ракети, фрлачи и друга воена опрема којашто ја испорачаа САД како дел од пактетот воена пмош во износ од 2000 милиони долари.

Војниците во текот на вежбата истрелувале проектили или го следела гаѓањето, додека воени возила минувале по теренот покриен со снег на кој се одвивале вежбите. Некои од војниците биле облечени во бели камфулфажби комбинизони.

„Ова оружје ќе помогне да се запрат воени возила и да ги оштети, а во урбаните средини ќе ни помогне да уништиме згради во кои се кријат непријателите“, изјави Андриј Бестјук, потрпарол на украинската војска.

Украинскиот министер за одбрана Алескеј Резников во петокот вечерта изјави дека наскоро очекува нова пратка американско оружје.

Украинските сили, исто така, во петокот вежбале ракетирања на празни објекти увежбивајќи борба во урбана средина во градот Припјат, кој е напуштен по нуклеарната катастрофа во Чернобил 1986 година.

Велика Британија пред две седмици на Украина ѝ испорача, исто така, преносни противоклопни системи и повеќе илјади ракети, кои се користат во борби во урабани средини.

Ваквите испораки на оружје за борбени операции во урбани средини, за Русија е потврда дека Западот подготвува провокација во Украина и обид за воено решени на конфликот со отцепените источни региони во областа Донбас, населена со доминантно руско и рускојазично население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…