Русија со предупредување до уште една телевизија: Блумберг да внимава што објавува за да не заврши како Дојче Веле

t

Ова не е првпат американската агенција „Блумберг“, која неодамна ја објави веста за наводниот напад на Русија врз Украина, да направи грешка – подобро е малку да проучат што се случи со германската агенција „Дојче веле“ за да не завршат како нив, изјави претставникот на руската државна дума Адалби Шагошев.

Имено, „Блумберг“ неодамна објави информација за руската инвазија на Украина, а потоа ја призна грешката и ја повлече спорната титула.

„Лично го познавам шефот на руската редакција на Блумберг. Ги советувам малку да ја проучат ситуацијата со Дојче веле за да не завршат како нив, а мислам на нивното затворање“, рече тој.

На соопштението на „Блумберг“ реагираше и Кремљ, а портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека ваквите работи укажуваат на тоа колку се опасни агресивните изјави од Западот и како тоа може да доведе до несогледливи последици.

Да потсетиме, Русија донесе одлука да ја затвори кореспонденцијата на германската редакција на „Дојче веле“ како одговор на одлуката на германскиот регулатор да го спречи емитувањето на програмата на рускиот канал РТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…