Министерката се предомисли: Сепак има надеж за зголемување на минималната плата

t

Верувам дека на денешното продолжување на социјалниот дијалог на Економско – социјалниот совет ќе го донесеме најсоодветното решение, кое ќе биде прифатено од сите социјални партнери.

За нас како Влада подобрувањето на економскиот статус на работниците е врвен приоритет и минималната плата ќе биде зголемена, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24. Министерката посочи дека е оптимист и оти ќе се изнајде најдоброто решение за работниците, работодавачите и на Владата како партнери.

„Верувам дека на Економско – социјалниот совет предлогот ќе биде прифатен од сите социјални партнери. Кога имаме конструктивен дијалог на ЕСС, секогаш доаѓаме до решение кое е најдобро за сите вклучени страни. Буџетот е во добра кондиција и секое предложено решение ќе биде поткрепено со финансии“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска посочи дека барањето на Сојузот на синдикатите кое го поддржуваат и другите синдикати, е реално бидејќи е согласно трошоците на живот и потрошувачката кошничка.

Синдикатите бараат 18.000 денари минимална плата или 62% од просечната плата. Организацијата на работодавачи бара донесување на минимална плата со 50% од просечната плата, Бизнис конфедерацијата на Македонија предлага обезбедување на финансиска помош за исплата на минималната плата од буџетот на РСМ.

Извор: Кумановски муабети

https://kumanovskimuabeti.mk/trenchevska-optimist-sum-deka-kje-go-najdeme-najdobroto-reshenie-za-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=trenchevska-optimist-sum-deka-kje-go-najdeme-najdobroto-reshenie-za-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…

МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка…