Василевска: Изборот и кандидатурите за уставни судии се проблeматични и укажуваат на партизација и меѓу-коалициски комбинаторики
Како законодавен дом и како народни претставници ги претставуваме токму македонските граѓаните и ги остваруваме нивните задолженија и очекувања коишто треба да се во интерес на севкупната општествена јавност, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Веќе подолг период македонското Собрание се наоѓа во хибридна состојба. Изборот и кандидатурите кои доаѓаат од сферата за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација на одредени меѓу-коалициски комбинаторики за кои немаме доволна транспарентност како парламентарни групи и во сеопштата дебата, посочи Василевска.
Василевска додаде дека Кацарска самата си го побара местото кое што сметаше дека го заслужила за добро обработената работа со поранешниот премиер и сега вели дека не може да функционира бидејќи не е во полн состав. Таа треба да види и да процени во каков систем и кому му служеше за да дојде сега во оваа ситуација.
Таа се согласува за функционален Уставен Суд, но меѓутоа погледнете ги резултатите. Потребно е да има ресет бидејќи таму треба комплетна ревизија затоа што ги гледаме одлуките и резултатите какви се.
Како опозиција ги користиме сите демократски алатки со коишто може да ги адресира потребите за револтот и несогласувањето на граѓаните. Во една нетранспарентна политичка игра и во еден мошне хибриден, затворен и нетранспарентен систем на функционирање, секој еден механизам коишто е во наши раце и којшто е демократски е во функција, заклучи Василевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…