(Фото) Најнови информации: Министрите Крешник Бектеши и Фатмир Бесими со службено возило учествувале во сообраќајката кај Влада

t

Во сообраќајната несреќа, во која се судрија три возила, доцна попладнево официјално во едно од возилата биле министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши, информираше Бесими на социјалната мрежа Фејсбук.

-Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.

Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, се вели во статусот на Бесими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…