Макрон: Ја вративме довербата на светот во Франција
Францускиот претседател Емануел Макрон по посетата на Москва и средбата со рускиот лидер Владимир Путин изјави дека ја постигнал својата главна цел и спречил ескалација на конфликтот во Украина.
„Беше неопходно да се запре ескалацијата и да се отворат нови можности. Таа цел е постигната“, изјави Макрон, објави француската телевизија „БФМТВ“.
Според францускиот лидер, „довербата во Франција (во светот) порасна“.
Истовремено, тој нагласи дека не очекува итни резултати од разговорите со Владимир Путин во Москва.
„Не сметав на никакви отстапки“, посочи Макрон.
Состанокот на лидерите на Русија и Франција се одржа на 7 февруари во Кремљ и траеше нешто повеќе од пет часа. Макрон рече дека дијалогот со Русија е неопходен услов за градење мир.
Тој рече и дека Путин и тој на средбата успеале да ги приближат ставовите за Украина и дека решението на украинското прашање може да биде само политичко, а основа за регулирање на ситуацијата во земјата се договорите од Минск.
По Москва, Макрон отпатува за Киев, каде денеска ќе се сретне со украинскиот лидер Владимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…