Не плaќале струја: Владата им наложи на буџетските корисници од централната власт во најкраток временски рок да ги платат заостанатите сметки

t

На денешната 11-та седница, Владата на Република Македонија донесе одлуката за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

Со оваа одлука се задолжува ЕСМ АД овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија.

На оваа своја седница Владата одобри АД Електрани на Македонија да ја спроведе постапката за продолжување на рокот на доспевање на фактурите за испорачана електрична енергија за декември 2021 година и за јануари 2022 година, од ЕВН АД до 01.07.2022 година.

Во врска со ова, Владата го задолжи АД ЕСМ да склучи Анекс на договорите со ЕВН со кој на дистрибутерот на електрична енергија ќе му се овозможи одложено плаќање на доспеаните фактури за декември 2021 и за јануари 2022 година, со соодветна гаранција во висина на износот на фактурите за кои се продолжува рокот на плаќање.

Владата ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија.

За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Ако помине помине, Владата повторно под…

Неверојатно е на што е спремна Владата…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…