Објавено на:

Канадската полиција започна со апсење на камионџиите што протестираат – Отава се’ уште блокирана

t

Полицијата во Отава уапси 23 лица во врска со, како што се вели, нелегални демонстрации организирани од камионџии и други возачи кои се противат на задолжителната вакцинација против Ковид-19.

Возачите бараат укинување на задолжителната вакцинација за сите кои ќе ја преминат канадско-американската граница.

Канадскиот главен град сè уште е блокиран од стотици возила од таканаречениот „конвој на слободата“ кои се противат на епидемиолошките мерки, додека организаторите на протестот повикаа на средба со сите федерални политички лидери, освен премиерот Џастин Трудо, за да се најде мирен решение за кризата пренесува британскиот весник Гардијан.

Заменик-началникот на полицијата во Отава, Стив Бел, изјави за новинарите дека полицијата имобилизирала многу тешки возила кои учествувале во блокадата и дека во една четвртина од 418-те камиони на протестите во центарот на градот имало деца.

Поради тоа, полицијата изрази загриженост за нивната здравствена состојба поради студот, бучавата, ризикот од јаглерод моноксид и пристапот до тоалетите.

Во исто време, затворен е и најфреквентниот граничен премин меѓу Канада и Соединетите држави, бидејќи канадските камионџии ги блокираа сите ленти на преминот во знак на протест против епидемиолошките мерки на владата за контрола на пандемијата на корона вирусот.

Доцна во понеделникот камиони почнаа да го блокираат мостот „Амбасадор“ што ги поврзува американскиот град Детроит и канадски Виндзор, затворајќи го сообраќајот во двата правци, потсетува британскиот весник „Гардијан“.

Влезот во Канада остана блокиран во вторникот, додека сообраќајот во правец на САД едвај се одвиваше.

Британскиот весник наведува дека секој ден по мостот обично поминуваат околу 8.000 камиони, преку кој се реализира речиси 27 отсто од трговијата меѓу Канада и САД.

Канадскиот премиер Џастин Трудо се појави во јавноста во вторникот за прв пат по повеќе од една недела откако беше заразен со корона вирусот и рече дека протестите мора да престанат.

Трудо ја осуди тактиката на демонстрантите, наведувајќи дека поединци се обидуваат да ја блокираат економијата на земјата, нејзината демократија и секојдневниот живот на нејзините сограѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медиуми: Канада подготвува масовна евакуација на своите…

Канада подготвува масовна евакуација на своите граѓани…

Фон дер Лајен, Де Кроа, Мелони и…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Канада ѝ испраќа повеќе од 800 дронови…

Канада ќе донира повеќе од 800 беспилотни…

Момче во Канада планирало терористички акти против…

Канадската национална полиција соопшти дека еден млад…

Масовен убиец од Канада испраќал отров по…

Канаѓанец, кој наводно им помогнал на повеќе…