Николоски: Немaме дилема дека треба да има подобрување на состојбата во здравството, но Законот за клинички центар кој што е во Собрание е закон за легализација на нивните cпорни дејствија
Немаме дилема дека треба да се подобрува состојбата со здравството, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, но додава дека предлогот на владата за нов Клинички центар е 500 милиони евра, што за држава како Македонија се многу пари.
„Чисто да знаат граѓаните, предлогот на владата за нов клинички центар е над 500 милиони евра, што за држава како Македонија се огромни пари. Кога оваа влада дојде на власт имаа завршен проект, избран изведувач, издвоени пари и по некоја случајност од Советот на Европа, за доизградба на постојниот Клинички центар кој што се наоѓа на Водно кој што чинеше меѓу 70 и 90 милиони евра. Чинеше шест пати поевтино, од она што тие го предлагаат. Тие го раскинаа тој договор, Македонија дури плати и казна во Советот на Европа, во пари околку три и пол милиони евра“, рече Николоски во интервју на телевизија Шења.
Тој додава дека Законот за клинички центар кој што е пратен до Собранието иако така се вика, не е закон за клинички центра туѕку закон за легализирање на спорните дејствија на власта.
„Изградба на клинички центар е изградба на инфраструктурен облект, кој што не се работи преку Собрание туку преку Влада. Владата распиша тендер, на тендерот се пријави кој се пријави и владата требаше да направи избор. До денс три години поминаа, избор не е направен. Кога видоа кој им се пријави на тој тендер и кога видоа дека не можат одредени математики да им излезат и дека не може да оди како што тие очекувале, поднесоа закон во Собрание кој што не е Закон за клинички центар, туку е закон за изигрување на Законот за јавни набавки со кој што закон се дозволува прво рангираниот да се спои со второ рангираниот и да одат во конзорциум. Сега бараат ние да гласаме закон за легализирање на нивните спорни дејствија, нешто што никој не може да го очекува тоа од нас“, истакна Николоски.
Додава дека нема валиден проект за клиничкиот центар и дека за проект за кој се предвидени 500 милиони евра поднесена е документација од само 35 страни, при што спореди дека Србија сега ќе пушта во употреба нов клинички центар, дури со повеќе легла од предвидениот македонски клинички и дека тој коштал четитуи пати помалку, односно 125 милиони евра.
„Дополнително што нема никаков валиден проект за клинички центар. Ние добивме 35 страни проект за клинички центар кој што треба да кошта 500 милиони евра, претходно за многу помал имало цели купови хартија. И второ, во тие 35 страни пишува дека клиничкиот центар треба да има 910 кревети во функција и уште 90 кревети во итна служба и тоа ќе кошта 500 милиони. Во соседна Србија, во Белград сега ќе пуштат нов клинички центар со точно 1000 кревети за 125 милиони евра“, рече Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Драги неспособњаковци, лекот за…
Лекот за Скопје е централизација, а не…
ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…
ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…
Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…