Објавено на:

Министерката за надворешни на Британија со “моќна” порака до Русија

t

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, која допатува во официјална дводневна посета на Москва, ја повика Русија да помине низ дипломатијата и да го почитува суверенитетот на Украина.

„Неделава сум во Москва за да испратам силна порака дека војната во Украина ќе има катастрофални последици за Русија, Украина и безбедноста на Европа. „Русија треба да го следи патот на дипломатијата и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Трас на Твитер.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментира дека посетата на британскиот министер на Москва на Денот на дипломатите, празник кој денеска се слави во Русија, е „подарок од англосаксонската дипломатија“.

Според британската амбасада, шефот на Форин офис пристигнал во Москва за да разговара со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров за Украина. Средбата е закажана за денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…