Познат идентитетот на лицето кое попладнево зaгина во сообраќајката на експресниот пат Штип-Радовиш

t

Четириесет и четири годишен радовишанец е жртва во сообраќајната несреќа што денеска во 14:39 часот се случи на експресниот пат Штип-Радовиш.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека е потврден идентитетот на возачот, кој управувал со возилото со радовишки регистарски таблички и оти станува збор за лицето М.В. од Радовиш.

Во несреќата, која се случи во 14:39 учествуваа две возила, според првичните информации станува збор за директен судир меѓу возило со радовишки таблички и скопско товарно возило. Повредни се и две други лица во несреќата. Станува збор за возачот и сопатник од возилото со скопски регистарски таблички. Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска потврди дека повредените по направените прегледи се пуштени дома.

Се уште е во тек увидот на местото на несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш кај дваесеттиот километар. Штипските пожарникари биле повикани да интервенираат, со пепе апарати гаснеле едно од возилата, кое можело да се запали од силината на директниот судар. Оваа делница од клучката за Неготино, до клучката кај Бучим е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат да се движат по стариот регионален пат Штип-Радовиш преку Пилав Тепе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…

Петков им изрази сочувство на роднините на…

„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…