Франција ќе изгради најмалку шест нови нуклеарни централи
Франција ќе изгради најмалку шест нови нуклеарни реактори во наредните децении, најави претседателот Емануел Макрон, ставајќи ја нуклеарната енергија во центарот на програмата на таа земја на патот кон јаглеродна неутралност до 2050 година.
Макрон рече дека новите електрани ќе ги гради и управува државната компанија ЕДФ и дека десетици милијарди евра јавни средства ќе бидат мобилизирани за финансирање проекти и обезбедување финансии на ЕДФ.
„Она што ѝ треба на нашата земја, а условите постојат, е заживување на француската нуклеарна индустрија“, рече Макрон.
Тој го кажа ова додека ја презентираше својата нова нуклеарна стратегија во индустрискиот град Белфор, на истокот на Франција.
Со ветувања за забрзување на развојот на сончевата енергија и офшор ветерни електрани во Франција, Макрон, исто така, најави дека сака да го продолжи животниот век на постарите нуклеарни централи на 50 или повеќе години од сегашните 40 години, под услов тие да се безбедни.
Според проценките на ЕДФ, цената за шесте нови реактори ќе биде околу 50 милијарди евра, во зависност од условите за финансирање, наведува Ројтерс .
Првиот нов реактор, т.н Развиениот европски реактор под притисок ќе биде пуштен во употреба до 2035 година, рече Макрон , додавајќи дека ќе биде започната студија за уште осум реактори, покрај почетните шест нови нуклеарни централи.
Франција, исто така, ќе го зголеми својот соларен капацитет за десет пати до 2050 година на повеќе од 100 гигавати и планира да изгради 50 офшор фарми со ветерници со вкупен капацитет од најмалку 40 гигавати.
Капацитетот на копнените турбини на ветер, кои се соочуваат со силен јавен отпор, ќе се удвои до 2050 година, според Макрон, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица
Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…
Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…
Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…
Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…
Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…
Пад на еврото по изборите во Франција
Еврото падна по вториот круг од парламентарните…
Пет можни сценарија по изборите во Франција…
Откако левиот блок освои најмногу мандати во…