Отчет за сработеното: Промени што носат иднина е нов слоган на ВМРО-ДПМНЕ
Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во Недела ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите сто дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.
Свое обраќање во 17:00 часот ќе има и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми.
Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.
Во 13:00 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ.
Учесници: Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски.
Модератор: Наум Стоилковски.
Во 14:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВА ВО ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски.
Модератор: Димче Арсовски.
Освен овој настан во наредниот три неделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…