Објавено на:

(Фото) Америка испраќа купишта оружје во Украина, објавени фотографии

t

Вчера доцна навечер, авион со големо количество оружје испратено од Америка слета на аеродромот во близина на Киев, главниот град на Украина.

Според фејсбук-страницата на американската амбасада во Киев, ова е 14. лет со кој Американците испраќаат воена помош за Украина. Во соопштението се наведува дека во најновата пратка има и противтенковски ракети „џавелин“.

„САД во јануари испратија околу 1.200 тони воена опрема со одобрение на претседателот Бајден. Тоа е опрема што ѝ е потребна на Украина за да се заштити од руската агресија“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Објавени се и фотографии од опремата испратена во синоќешната пратка.

Русија испрати дополнителни трупи на границата со Украина и може да изврши инвазија во секој момент, вклучително и за време на Зимските олимписки игри, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Тој рече дека Вашингтон продолжува да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина и го повтори повикот на Стејт департментот до сите граѓани на САД во Украина веднаш да ја напуштат земјата.

„Едноставно кажано, сè уште гледаме многу загрижувачки знаци за руска ескалација, вклучително и повеќе војници кои пристигнуваат на украинската граница“, рече Блинкен на прес-конференција во австралискиот град Мелбурн.

„Како што веќе рековме, инвазијата може да започне во секој момент и да биде јасно, тоа го вклучува и времето на одржување на Олимписките игри“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…