Ќе се слави окупацијата на Скопје и кампот Треблинка: Бугарските фашисти денес маршираат низ Софија
18-та година по ред е планирана поворка со факели во спомен на ген. Христо Луков, познат како Луковмарш и организиран од бугарските национал-фашисти. Неколку часа претходно, противниците на настанот демонстрираа под мотото „Нема нацисти на улиците!“.
Зад Луковмарш стои Бугарскиот национален сојуз, а нивната вечерашна поворка ќе тргне од столбовите пред Националната палата на културата и ќе биде под мотото: „Запомни го минатото, бори се за иднината!“. Националистите на својата веб-страница тврдат дека не постои правна форма во која може да се запре нивниот марш во чест на споменот на Ген. Христо Луков.
Противниците на националистичкиот марш велат „Не!“ на фашизмот, „не!“ на рамнодушноста, „не!“ на омразата и „не!“ на „Маршот на кромидот“, организирајќи антифашистички марш кој започна од градината пред на поранешна Централна бања. Тие тврдат дека минатата година бевме сведоци на бројни провокации и физички напади од членови на националистички и неонацистички организации и се однесуваат на нападот на Бургас Прајд и „терористичките закани на новогодишната ноќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…