НАТО ја окупираше Источна Европа: Стационирани над 12000 американски војници
Над 12.000 НАТО и американски војници се во пет источноевропски земји, а од таа Алијанса испраќаат и најавуваат дополнително испраќање војници во тие земји, истовремено прогласувајќи ја Русија за агресор!
Американскиот претседател Џо Бајден одобри испраќање на уште 3.000 војници во Полска, додека уште 8.500 се подготвени да бидат испратени во Источна Европа.
Тоа се војници кои се под команда на НАТО или на американската армија, не сметајќи ги војниците на тие земји членки на НАТО.
Најбројен е американскиот и контингент на НАТО во Полска, каде според американските податоци се стационирани 5.700 американски војници и 1.200 членки на НАТО. Американците почнаа да испраќаат контингент од уште 3.000 војници во Полска, што го потврди и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.
Најголемиот број од тие 3.000 војници ќе бидат членови на 82. воздушнодесантна дивизија од Форт Брег, од нив 1.700.
Следува Литванија со 1.200 војници на НАТО и моментално распоредени 450 Американци.
Во Естонија и Латвија има 1.200 војници на НАТО, а во Романија 900 Американци. САД почнаа да испраќаат уште 1.000 војници на оклопни механизирани единици во Романија од германскиот град Вилсек.
Освен војници, НАТО има борбени системи во Источна Европа.
Така, во Романија постои систем за одбрана од балистички ракети, а една од нив во Полска треба да профункционира оваа година.
НАТО има воздушни бази и во Естонија, Литванија и Романија.
Со најавените засилувања, во источна Европа ќе бидат распоредени околу 16.000 војници на НАТО и САД, а доколку пристигнат оние кои се на готовност во САД, ќе ги има повеќе од 24.500.
Да потсетиме, кога НАТО и САД ја започнаа мисијата „Атлантик Рисолв“ во Источна Европа во 2014 година, во неа имало 150 војници, а по неколку години тој број пораснал на 7.000, според американски извори.
НАТО наведува дека повеќето од овие единици се привремено распоредени во Источна Европа. Сепак, американската армија сè уште има околу 70.000 постојано стационирани војници во Европа, од кои речиси половина се во Германија, според американски извори. Во земјата има и два командни центри, еден за Армијата во Штутгарт, а другиот за авијација во воздухопловната база Рамштајн.
А бројот на постојано распоредени американски војници во Европа постојано се зголемува, бидејќи во 2013 година ги имало 63.000.
Покрај копнените и воздушните сили, американската морнарица се приближува и кон Источна Европа, бидејќи Осмата ударна група, предводена од носачот на авиони „Хари С. Труман “се наоѓа во Јадранското Море. „Хари Труман“ носи 90 авиони, а во својата ударна група има и еден ракетен крстосувач, еден помал носач на авиони кој може да има до 50 авиони, како и пет разурнувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…