САД негира дека подморницата влегла во руски територијални води
Американската војска негира дека нивната подморница влегла во територијалните води на Русија.
„Тврдењата на Русија за нашите операции во нивните територијални води не се точни“, изјави Кајл Рејнс, портпарол на американската Индо-пацифичка команда.
Тој не ја прецизираше локацијата на подморницата.
„Ние летаме, пловиме и работиме безбедно во меѓународните води“, рече тој.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека подморница на американската морнарица од типот „Вирџинија“ е забележана во територијалните води на Русија во областа на Курилскиот остров Уруп.
Како што беше прецизирано, руската Пацифичка флота одржала планирани воени вежби на тоа подрачје.
После тоа, на американското воено аташе му беше врачена протестна нота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…