(Во живо) Ѓорѓиевски: Пожарот е локализиран, благодарност до службите за навремената рeакција

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој веднаш излезе на терен за Инфомакс изјави дека пожарот е локализиран и изрази благодарност до службите за навремената реакција.

„Штотуку беше локализиран голем пожар којшто изби наспроти бензинската во Пинтија. Сакам да се заблагодарам на противпожарната бригада за брзата интервенција и максималните напори коишто ги вложивја во изминатиов период за да го санираат односно да го локализираат пожарот. Исто така сакам да се заблагодарам до службите на МВР за нивната брза интервенција. Сѐ уште ќе бидеме тука бидејќи дел од далеководите се надвор од функција. Во моментов треба да ги пуштат, па да видиме да не се случи повторно да избие на некоја позиција пожар. Инаку пожарот изби непосредно кај далекуводите, фала му на бога нема човечки жртви. Се е под контрола. И уште еднаш голема благодарност од мене и од името на граѓаните на општина Кисела Вода бидејќи совесно ја завршија работата“, изјави Ѓорѓиевски.

Во моменотв, како што изјави Ѓорѓиевски, струја има во цела Кисела Вода, со исклучок на мал дел во Драчево.

Ѓорѓиевски изјави дека според неофицијални информации, пожар имало и во Бунарџик, дека горел некоја трансформатор.

„Она што беше наша задача, и задача на службите, е завршено, пожарот е локализиран, и што ми е многу драго, нема човечки жртви“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…