(Видео) Скандал: Можна причина за пожарот е повлекување на струја од далеководот Ниш
Командирот на Противпожарната бригана на Град Скопје, Звонко Тоневски. потврди дека избил пожар во Пинтија каде поради искрење на далноводите се запалила сува трева.
„Во 17.45 минути имаме добиено пријава за настанат пожар во трафостаница Пинтија и веднаш беа испратени екипи од центарот Драчево со две возила и поради сериозноста на самиот објект што претставува за градот беше испратена дополнителна помош од центар Автокманда. На самото пристигнување на лице место видовме дека не станува збор за пожар во трафостанцата, него надвор, поради искрење на далноводот во непосредна близина беше опожарена површина од сува трева. Веднаш е побарано да биде исклучено напојувањето на далноводите и е пристапено кон гаснење. За кратко време пожарот беше локализиран. Превентивно, ради повторно пуштање на далноводот екипите останаа додека не се воспостави нормално напојување“, изјави Тоневски.
Командирот додаде дека според информациите кои ги добиле од екипите на МЕПСО ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија е под контрола.
Во однос на причините за пожарот, Тоневски изјави дека постои можност причина да се прекините на струја кои му претходеа на пожарот.
„Најверојатно после неколкукратни прекини на електричната енергија што ги имавме во градот пред пријавата за настаанат шпожар, претпоставуваме дека причина за пожарот се тие испади што ги имавме во текот на последниот час“, додаде командирот.
На прашањето на новинарот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ, дали хаваријата настанала поради повлекување на струја од далноводот Ниш, командирот одговори дека постои можност тоа да е причината.
„Можно е, не знам дали е тоа од далноводот, затоа што имаме дојава дека има експлозија на далновод во индустриската зона во Бунарџик што можеби е поврзано едно со друго“, појасни тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…