Се огласи МЕПСО: Ова е причината за xаваријата со електрична енергија во Скопје, Велес и Овче Поле
Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, се вели во нивното соопштение до јавноста.
Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување.Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…