Трамп даде по 100 долари на 20 милиони пензионери
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата администрација веднаш започнува со исплата на еднократна помош од речиси 100 долари за повеќе од 20 милиони американски пензионери. Средствата се наменети за покривање на трошоците за здравственото осигурување преку програмата Medicare Part B и ќе бидат исплатени од Фондот за подобрување на Medicare.
Иницијативата е дел од поширока кампања на Белата куќа, но доаѓа во услови на растечки политички тензии во пресрет на претстојните избори за Конгресот.
Паралелно со тоа, Трамп промовираше и друго, многу оспорувано предлог-решение, познато како „Трампова дивиденда“ (Trump Dividend). Тој вети дека ќе исплати по 5.000 долари на секој полнолетен американски државјанин, под услов Републиканската партија да ја задржи контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот.
Според претседателот, исплатите би се финансирале од приходите од новите царини и економскиот раст. Сепак, голем број економисти и правни експерти изразуваат сериозен скептицизам околу остварливоста на дивидендата од 5.000 долари.
Таквата мерка би чинела повеќе од 1,2 трилиони долари, што е повеќе од вкупните приходи на САД од царините. Дополнително, за секоја ваква директна исплата потребно е одобрение од Конгресот.
Опозицијата од Демократската партија го оцени предлогот како незаконски обид за купување гласови во пресрет на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…