(Видео) Иста матрица и во Македонија и во Канада: Додека да се докопаат до фотелја протестираат, сега кога се власт им одговара инфлација и продажба на Делчев
Накратко во втората емисија од втората сезона на Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфомакс, се спомена и ситуацијата во Канада кадешто камионџиите се уште протестираат.
Јанко коментираше дека т.н. „Конвој на слободата“, како што се нарекуваат демонстрантите е вистинско освежување и спротивност на шарената револуција, но за жал, се задужува со крајно нацистички методи.
„Камионџиите од Канада се светлина на светот. Кој очекуваше дека во Канада ќе се појави такво движење, контра на шарената револуција. Народот почна да им носи во канти гориво и им забранија дека не смеат оти било опасно. Луѓево им носат вода, друг гориво и полицијата мора да застане стотици луѓе такви. Ова се крајно нацистички и тоталитаристички методи, тоа се Гебелсовски методи. Ја извртуваат вистината.” – вели Јанко.
Милош коментираше дека токму Трудо ги поддржа сите други протести, но со овој потклекна кога се сокри и буквално избега.
“Им забранија да свират, толку ниско пандаа. Тој ги поддржа сите можни протести додека требаше да дојде на власт ама сега избега се скри.” – накратко се надоврза Милош.
Митовски коментираше дека истата матрица ја користат и кај нас.
“Таа иста матрица ја има и кај Маричиќ и кај сите, на нив им одговара да се поскапи струјата, да се продаде Гоце Делчев, им одговара инфлација и не протестираат за ништо. Ама додека требаше да се довлечкаат до хонорарче беа гласи. До моментот додека не се докопа до фотелјата до тој момент ќе биде сеприсутен, кога ќе се докопа станува сенеприсутен.” – рече уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Медиуми: Канада подготвува масовна евакуација на своите…
Канада подготвува масовна евакуација на своите граѓани…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…