(Видео) Конвој од 500 возила со дeмонстранти стигна во Брисел

t

Околу 500 автомобили и комбиња, главно од Франција, пристигнаа денеска во конвој во предградијата на Брисел, во знак на протест против ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на корона вирусот, изјави градоначалникот на Брисел, Филип Клоуз. Возилата не смееле да влезат во градот, објави Ројтерс.

Полицијата ги упати до паркинг на периферијата на Брисел, од каде демонстрантите продолжија пеш до плоштадот во центарот на градот и блокот во кој се наоѓаат институциите на Европската унија.

Репортерите известуваат дека виделе околу 150 до 200 демонстранти во центарот на градот и сличен број во населбата каде што се наоѓаат институциите на ЕУ.

Градоначалникот на Брисел за белгиската телевизија LN24 изјави дека протестот, инспириран од демонстрантите од „Конвојот на слободата“ кој со камион ја презеде канадската престолнина Отава, нема дозвола од бриселските власти, нема лидери и не поставува никакви барања, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел подготвува нови правила за проширувањето на…

Европската Унија подготвува измени во правилата за…

Сали за Инфомакс: Не бараме изговори ниту…

Министерот за европски прашања, Беким Сали, за…

Неколку загинати во пожар во зграда во…

Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар…

На Македонија ѝ е нанесена неправда –…

Македонското општество низ изминатите години носеше тешки,…

Битка за кеш од 2 трилиони евра…

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел…