Сали за Инфомакс: Не бараме изговори ниту во Брисел, ниту дома – Целта е да бидеме целосно подготвени за членство во ЕУ!

t

Министерот за европски прашања, Беким Сали, за Инфомакс ги коментира денешните натписи на Euronews и останати европски медиуми дека Европската комисија останува без доволно капацитет за истовремено да води преговори со повеќе земји кандидати.

Euronews денес објави информации од Европската комисија дека Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и Источно соседство (DG ENEST) се соочува со сè поголем проблем со капацитетите, според тројца извори запознаени со ситуацијата.

Иронично, притисокот е последица на забрзаната политика на проширување на Унијата: во последните шест месеци биле затворени повеќе преговарачки поглавја отколку во претходната деценија.

Од Европската комисија не даваат официјален коментар.

Министерот Беким Сали за Инфомакс вели дека Македонија има одлична комуникација со Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија и дека целта на државата е да бидеме целосно подготвени за ЕУ и да не се дозволи било какви надворешни и внатрешни прашања да бидат пречка во процесот.

– За информациите за евентуалните предизвици со административните капацитети во Европската комисија, најсоодветно е став да се побара од надлежните служби на Европската комисија.

Она што можам да го потврдам е дека во изминатиот период имаме одлична и многу динамична соработка со Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија, како и со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, особено во однос на спроведувањето на Реформската агенда, но и за сите други прашања поврзани со пристапниот процес.

Факт е дека политиката на проширување добива засилена динамика и опфаќа сè поголем број земји кандидати. Убеден сум дека Европската Унија навремено ќе ги приспособи своите ресурси и институционални капацитети на оваа политичка определба. Во таа насока, за крајот на септември се очекува Европската комисија да ја претстави својата комуникација за политиката на проширување, документ кој, верувам, ќе ги адресира актуелните предизвици и ќе понуди соодветни насоки за нивно надминување.

Истовремено, наша обврска останува непроменета – да продолжиме со спроведување на реформите, усогласувањето со европското законодавство и исполнувањето на преземените обврски. Не треба да бараме изговори ниту во Брисел, ниту дома. Напредокот на секоја држава и понатаму ќе зависи од постигнатите резултати и од принципот на сопствени заслуги. Нашата цел останува јасна – да бидеме целосно подготвени за членство и да не дозволиме какви било внатрешни предизвици на Унијата да станат причина за дополнително одложување на нашата европска интеграција. – вели Сали за Инфомакс.

Анализата на Euronews прочитајте ја во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…

Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…

Нови санкции од ЕУ за Русија на…

Европската Унија планира значително да ги прошири…

Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…

Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…

ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…

Европската унија го заврши првото полугодие од…

Брисел подготвува нови правила за проширувањето на…

Европската Унија подготвува измени во правилата за…