Објавено на:

(Видео) Австрија има женска верзија на Заев: Министерката тврди дека Африка е држава

t

Изјавата на австриската министерка дека Африка е земја предизвика реакции во Австрија, иако се уште не се знае дали се работи за лапсус или навистина незнаење, а министерот се уште не ја коментира изјавата.

Имено, министерката за економија Маргарета Шрамбек планира да организира конференција со претставниците на африканските земји во Виена, но со изјавата за јавниот сервис ОРФ покажа дека знае дека Африка е континент.

Во изјава за ОРФ, по состанокот на министрите за трговија на ЕУ, Шрамбекова рече дека е убедена дека е време да се разбуди Европа и дека „Африка не е само земја од која доаѓаат бегалците“.

„Тоа е земја со многу шанси, многу млади луѓе кои се високо дигитализирани“, рече таа, јави Танјуг.

Нејзината изјава беше критикувана од пратеничката на NEOS, Хенрика Брандштетер, која на Твитер напиша: „Африка е земја – срамота е што Шрамбек го повтори двапати. „Африка е континент со 54 признати држави, населен со повеќе од 1,3 милијарди луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бројот на жртви во нападот во Грац…

Универзитетската болница во Грац потврди дека едно…

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…

Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…

Путин со честитка за Денот на Африка

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на…

Две европски земји воведоа забрана за влез…

На претседателот на Република Српска (РС) Милорад…