Многу пријателски: Поради можни инцидентите, Македонија со Бугарија нема да игра во Софија
Како што денеска јавуваат медиумите кај нашиот источен сосед, се разгледува можноста мечот од Лигата на Нации меѓу Бугарија и Македонија, закажан за во јуни, да се игра во Разград место во Софија.
Имено организаторот стравува од можни провокации и инциденти, па затоа место во главниот град би се играло во Разград каде што капацитетот е само 7.000 гледачи.
Познато е дека Бугарите обично играат на “Васил Левски“ во Софија кој собира 40.000 гледачи и јасно е дека таа бројка е голема за успешно справување со можни провокации.
Сепак ова е само идеја, одлуката допрва ќе биде донесена.
Инаку фотографијата е од трибините во Софија од еден од многуте инциденти во кои бугарските навивачи нацистички салутираат на стадионите, за што Бугарската фудбалска федерација повеќе пати беше казнета од УЕФА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…
Исчезнала млада жена од Куманово
31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…
Меланија Трамп повика на трајно примирје во…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…