(Видео) Фaтени во лaгa: Порaз на западната пропаганда за руска инвазија на Украина
Единиците на јужниот и западниот воен округ почнаа да се враќаат во своите гарнизони, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
„По завршувањето на борбената обука, трупите, како и секогаш, ќе маршираат до нивните постојани бази. Единиците на јужниот и западниот воен округ кои ги завршија своите задачи веќе почнаа да се качуваат во железничкиот и патниот транспорт, а денеска почнуваат да се движат кон своите воени гарнизони“, прецизира Конашенков.
⚡️⚡️Ruske trupe počele da se vraćaju u svoje baze nakon vojnih vežbi
🔔 Jedinice Južnog i Zapadnog vojnog okruga počele su da se vraćaju u svoje garnizone, saopštio je portparol Ministarstva odbrane Rusije Igor Konašenkov. pic.twitter.com/FHnHQht0Xc
— Sputnik Србијa (@rs_sputnik) February 15, 2022
Тој исто така изјави дека некои единици ќе маршираат како дел од воените колони.
Портпаролот додаде дека и руската армија продолжува со воените вежби во многу области.
„Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со комплекс од големи мерки за оперативна подготовка на трупите и силите. Во нив учествуваат речиси сите воени области, флоти и воздушни сили“, рече Конашенков.
Според него, трупите на Источниот воен округ и Воздухопловните сили кои учествуваат во вежбите Сојузничка одлучност, во соработка со вооружените сили на Белорусија, ги разработуваат задачите за одбивање на агресијата врз Сојузната држава за време на одбранбената операција.
„Во оперативно важните области на светските океани и водите на морето кои се наоѓаат долж територијата на Русија, се изведуваат низа поморски вежби во кои учествуваат бродови, подморници и поморска авијација“, додаде Конашенков.
После тоа, портпаролот на Јужниот воен округ, полковник Вадим Астафиев, соопшти дека војниците од овој округ по завршувањето на планираните тактички воени вежби на полигоните на Крим, почнале да се враќаат во своите бази.
„Луѓето од баталјонските тактички групи тргнаа кон железничките станици, каде се организираше товарење на воена опрема на ешалони. „На платформите на вагоните беа натоварени тешки оклопни возила – тенкови, борбени возила на пешадија и самоодна артилерија“, рече Астафјев.
Потоа, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на своите социјални мрежи објави дека 15 февруари 2022 година ќе остане во историјата како ден на колапс на западната воена пропаганда.
„Засрамена и уништена без испукан куршум“, напиша Захарова на својот канал Телеграм.
Претходно американските медиуми го одбележаа 15 февруари како еден од датумите за можната руска инвазија на Украина.
Минатата недела агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани официјални лица запознаени со ситуацијата, рече дека акциите би можеле да започнат уште во вторник, иако конечните намери на Русија се непознати.
Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските агресивни дејствија во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негираше обвинувањата на Западот и Украина за агресивни дејствија, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера никого да нападне, а изјавите за руска агресија се користат како изговор за распоредување што повеќе воена опрема на НАТО покрај руските граници. Како што изјави претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Русија не создава никакви причини за конфликтна ситуација околу Украина. Според него, Русија не ја исклучува можноста хистеријата околу Украина, која ја подгрева Западот, да има за цел да го прикрие Киев што ги саботира договорите од Минск за Донбас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…