Хакирaно украинското министерство за одбрана и неколку украински банки
Украинскиот центар за кибер-безбедност соопшти дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана и на банките „Приватбанк“ и „Ошадбанк“ биле хакирани, објави денеска руската новинска агенција „Тасс“, а пренесе и „Ројтерс“.
Центарот посочува дека Русија би можела да стои зад овие напади.
Министерството за одбрана на „Твитер“ објави соопштение за нападот во кое се наведува дека се работи на санација на проблемите.
Новинарот, Кристофер Милер, наведува дека хакери ги нападнале државните банки „Приватбанк“ и „Ошадбанк“, како и Министерството за одбрана. Тој додава дека банкоматите не работат и дека банкарските услуги не се достапни.
„Не работат ниту веб-страниците на Министерството за одбрана и на вооружените сили“, напиша Милер на „Твитер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…
Украина и Полска: Руската закана веќе е…
Украина и Полска предупредија на зголемена руска…