Костов: Додека мрдам ќе се бopам за Македонизмот и правата на нашите Македонци
Аналитичарот Сотир Костов, во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за спорот помеѓу Македонија и Бугарија, го посочи поранешниот премиер Зоран Заев за виновник за незавидната состојба во која се наоѓа нашата земја.
Костов апелираше историската комисија да се укине колку што е можно поскоро, бидејќи таа е само слуга на политиката и ништо друго.
„Таа фамозна никаква комисија треба да биде укината. Не може историчари да измеќарат на политичари. Не може, историчари на едно дете, министерот наш, за надворешни работи да му дадат извештај.“, коментираше Костов.
Тој додаде дека додека е жив ќе се бори за Македонците и нивните права
„Ама ќе се ‘тепам’, додека мрдам, за Македонизмот, и за правата на Македонците. Цела вечер не ја спомнавме најобесправената категорија, а тоа се Македонците во Бугарија.“, изјави Костов потсетувајќи ги пресудите за непочитување на правата на МАкедонците во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…